Нов Завет

Јован 16:18-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Тие продолжуваа да прашуваат: „Што значи тоа ?уште малку‘ за кое Тој зборува!? Не разбираме за што зборува!“

19. Исус сфати дека тие сакаат да Го прашаат, па им рече: „Реков: ?Уште малку, па нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе ме видите.‘ За ова ли се расправате меѓу себе?

20. Со сигурност можам да ви кажам дека вие ќе плачете и ќе тагувате, а светот ќе се радува. Вие ќе тагувате, но подоцна вашата тага ќе се претвори во радост.

21. Кога жената раѓа, таа има болки, зашто дошло времето на болките. Но, кога ќе се роди детето, таа заборава на маките, и се радува што родила човек на овој свет.

22. Така и вие сега сте полни со тага. Но повторно ќе се видиме и ќе се израдувате; таа радост не ќе може никој да ви ја одземе!

23. Во тој ден, за ништо повеќе нема да Ме прашувате. Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име.

24. Досега не сте побарале ништо во Мое име. Барајте и ќе добиете, за да бидете наполно среќни.“

Прочитајте целосна глава Јован 16