Нов Завет

Јован 16:15-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“

16. „Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе Ме видите.“

17. Тогаш некои од Неговите ученици си рекоа еден на друг: „Што значи ова што ни го вели: ,Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, а по извесно време пак ќе Ме видите?‘ и: ?зашто заминувам кај Таткото‘!?“

18. Тие продолжуваа да прашуваат: „Што значи тоа ?уште малку‘ за кое Тој зборува!? Не разбираме за што зборува!“

19. Исус сфати дека тие сакаат да Го прашаат, па им рече: „Реков: ?Уште малку, па нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе ме видите.‘ За ова ли се расправате меѓу себе?

20. Со сигурност можам да ви кажам дека вие ќе плачете и ќе тагувате, а светот ќе се радува. Вие ќе тагувате, но подоцна вашата тага ќе се претвори во радост.

Прочитајте целосна глава Јован 16