Нов Завет

Јован 16:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. „Овие работи ви ги кажав за да не се исплашите.

2. Ќе бидете исклучувани од синагогите. И не само тоа, туку ќе дојде време кога ќе ве убиваат, и ќе мислат дека со тоа му прават услуга на Бог!

3. Тие ќе ги вршат овие работи затоа што не Го познаваат ниту небесниот Татко, ниту пак Мене Ме познаваат.

4. Ова ви го кажувам сега, та кога ќе дојде времето тоа да се исполни, да се сетите на ова што ви го кажав. На почетокот не ви зборував за ова, бидејќи бев со вас.“

5. „А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ?Каде заминуваш?‘

Прочитајте целосна глава Јован 16