Нов Завет

Јован 15:18-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. „Кога луѓето од овој свет ќе ве мразат, сетете се дека прво Мене Ме замразија.

19. Да му припаѓавте на светот, тој ќе ве сакаше како свои. Но Јас ве избрав од светот и вие не му припаѓате на светот; затоа светот ве мрази.

20. Спомнете си на зборовите што ви ги кажав: ?Слугата не е поголем од својот господар‘. Штом Мене Ме прогонуваа, и вас ќе ве прогонуваат. Штом Моето учење го слушаа, ќе го слушаат и вашето.

21. Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познаваат Оној што Ме испрати.

Прочитајте целосна глава Јован 15