Нов Завет

Јован 15:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Исус им рече на Своите ученици: „Јас сум вистинската Лоза, а Мојот небесен Татко е Лозарот.

2. Секоја прачка на Мене, која не раѓа плод, Тој ја отсечува. А секоја прачка што раѓа плод, Тој ја чисти, за да дава уште повеќе род.

3. Вие сте веќе чисти преку словото што ви го проповедав.

4. Останете сврзани за Мене и Јас ќе останам сврзан за вас. Како што прачката не може да раѓа плод сама од себе, ако не е сврзана за лозата, така ни вие нема да можете да бидете плодотворни, ако не останете сврзани за Мене.

Прочитајте целосна глава Јован 15