Нов Завет

Јован 14:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Ви давам мир - Мојот сопствен мир ви го давам. Мирот што Јас ви го давам не е како мирот што го дава светот. Затоа, не вознемирувајте се и не плашете се!

28. Слушнавте кога ви реков: ,Заминувам, но пак ќе се вратам кај вас‘. Ако навистина Ме сакате, ќе се радувате што заминувам кај Таткото, бидејќи Таткото е поголем од Мене.

29. Однапред ви го кажав ова, па кога ќе се случи, да имате вера во Мене.

30. Нема уште долго да разговарам со вас, зашто кнезот на овој свет доаѓа. Тој нема власт над Мене,

31. но, светот мора да сфати дека го сакам Таткото и затоа дејствувам онака како што Ми заповеда Таткото. Ајде, станете да си одиме одовде.“

Прочитајте целосна глава Јован 14