Нов Завет

Јован 14:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам. На тој начин Синот ќе Му донесе слава на небесниот Татко.

14. Јас ќе направам се што ќе побарате во Мое име.

15. Ако имате љубов спрема Мене, ќе го правите она што ви го заповедам.

16. А Јас ќе побарам од небесниот Татко и Тој ќе ви даде друг Помошник, Кој ќе остане со вас засекогаш.

Прочитајте целосна глава Јован 14