Нов Завет

Јован 14:10-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Зарем не веруваш дека Јас сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги зборувам Јас не ги зборувам од Себе, туку небесниот Татко, Кој живее во Мене, ги врши Своите дела.

11. Верувајте Ми дека Јас сум во Таткото и Таткото е во Мене, или барем верувајте заради чудата.

12. Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите, зашто Јас заминувам кај небесниот Татко.

13. Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам. На тој начин Синот ќе Му донесе слава на небесниот Татко.

14. Јас ќе направам се што ќе побарате во Мое име.

15. Ако имате љубов спрема Мене, ќе го правите она што ви го заповедам.

16. А Јас ќе побарам од небесниот Татко и Тој ќе ви даде друг Помошник, Кој ќе остане со вас засекогаш.

17. Тоа е Духот Кој ќе ви ја открива вистината. Световните луѓе не се во состојба да Го примат Него, затоа што не Го гледаат, ниту Го познаваат. Вие Го познавате Светиот Дух, зашто Тој е со вас и ќе продолжи да живее во вас.

Прочитајте целосна глава Јован 14