Нов Завет

Јован 13:30-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Кога Јуда го прими залачето леб веднаш излезе. А беше ноќ.

31. Кога Јуда излезе, Исус рече: „Сега Синот Човечки ќе биде прославен и Тој ќе Му донесе слава на Бог.

32. Штом Тој ќе Му донесе слава на Бог, тогаш и Бог ќе Го прослави Него и тоа ќе биде наскоро!

33. Чеда Мои, уште малку сум со вас. Потоа ќе Ме барате, но како што им кажав на еврејските старешини, така и вам сега ви кажувам: вие не можете да дојдете таму каде што Јас заминувам.

34. Нова заповед ви давам: „Сакајте се еден со друг! Како што Јас ве засакав, така и вие да се сакате еден со друг.

35. Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.“

36. Симон Петар Му рече: „Господе, каде заминуваш?“ Исус му одговори: „Ти сега не можеш да дојдеш таму каде што Јас заминувам, но ќе Ми се придружиш подоцна.“

37. Петар Му рече: „Господе, зошто не можам да Ти се придружам сега? Јас сум готов и својот живот да го положам за Тебе!“

38. „Твојот живот ли ќе го положиш за Мене?“ - му возврати Исус. „Те уверувам, дека, уште пред да запее петел - ти трипати ќе порекнеш дека воопшто Ме познаваш!“

Прочитајте целосна глава Јован 13