Нов Завет

Јован 13:2-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. За време на вечерата (а Ѓаволот веќе го беше поттикнал срцето на Јуда Искариот, син на Симон, да Го предаде),

3. Исус, знаејќи дека Таткото Му предал се во Негови раце и дека од Бог излегол и кај Бог се враќа,

4. стана од вечерата, ја соблече наметката и се препаша со крпа.

5. Потоа Тој налеа вода во леген и започна да им ги мие стапалата на учениците и да им ги брише со крпата со која беше препашан.

6. Кога стигна до Симон Петар, овој Му рече: „Господе, зар Ти да ми ги миеш стапалата!?“

7. Исус му одговори: „Ти сега не го разбираш ова што Јас го правам, но подоцна ќе сфатиш.“

Прочитајте целосна глава Јован 13