Нов Завет

Јован 12:27-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. „Сега душата Ми е длабоко потресена, но што да кажам? Зар да се молам: ,Татко, поштеди Ме од ова што Ме очекува?‘ Па токму за таа цел дојдов на овој свет!

28. Татко, прослави го Своето име!“ Тогаш се чу глас од небото: „Веќе Го прославив и одново ќе го прославам!“

29. Многубројниот народ што стоеше и го слушна гласот, велеше: „Загрме!“ Други велеа: „Ангел Му проговори!“

30. Исус им одговори: „Овој глас не се јави заради Мене, туку заради вас.

31. Сега е време за суд над овој свет. Владетелот на овој свет сега ќе биде соборен.

32. А кога Јас ќе бидам подигнат над земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.“

33. Исус го рече ова за да објави со каква смрт ќе умре.

Прочитајте целосна глава Јован 12