Нов Завет

Јован 12:17-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. А народот што беше со Исус кога Тој го повика Лазара од гробот и го оживе од мртвите продолжуваше да раскажува насекаде за таа случка.

18. Како резултат на тоа, многуброен народ излезе да Го пречека, откако слушна дека Тој го направил ова чудо.

19. Тогаш фарисеите си рекоа: „Гледате дека се е залудно! Целиот народ тргна по Исус!“

20. А меѓу оние што дојдоа на поклонение за време на празникот имаше и некои Грци.

21. Тие му пристапија на Филип, кој беше од Бетцаида во Галилеја, и му рекоа: „Господине, сакаме да се сретнеме со Исус!“

22. Филип отиде и му кажа на Андреј. Потоа, Андреј и Филип отидоа заедно и Му кажаа на Исус.

23. Тогаш Исус им одговори: „Дојде време Синот Човечки да влезе во Својата слава.

24. Ве уверувам дека, доколку пченичното зрно не падне во земјата и не умре, тоа ќе остане само едно зрно. Ако, пак, умре, тоа ќе произведе многу нови зрна.

25. Човек што себично сака да си го задржи животот, ќе го загуби, а оној што мрази да го живее својот живот само на овој свет, ќе добие вечен живот.

26. Кој сака да Ми служи, тој мора да Ми се придружи, зашто и Мојот слуга треба да биде таму каде што сум Јас. А секој што Мене Ми служи, ќе биде почитуван од Мојот небесен Татко.“

Прочитајте целосна глава Јован 12