Нов Завет

Јован 11:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. „Господе“, - Му рекоа учениците - „Штом заспал, значи дека заздравува од болеста!“

13. (Исус сакаше да каже дека Лазар умрел, но тие претпоставија дека зборува за обично спиење.)

14. Тогаш Исус отворено им рече: „Лазар умре.

15. Мило ми е што Јас не бев таму, зашто сега ќе добиете уште една можност да поверувате. Но, ајде да одиме кај него.“

16. Во тој момент, Тома, кого го викаа Близнак, им рече на учениците: „Да одиме со Учителот и ние да умреме со Него!“

Прочитајте целосна глава Јован 11