Нов Завет

Јован 11:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Еден пријател на Исус, по име Лазар, се разболе. Тој беше од селото Бетанија, и живееше со своите сестри Марија и Марта.

2. (Тоа беше онаа Марија што подоцна Го помаза Господа со скапоцен парфем и Му ги избриша стапалата со својата коса; нејзиниот брат, Лазар, беше тој што се разболе.)

3. Тогаш сестрите испратија ваква порака до Исус: “Господе, твојот драг пријател се разболе!“

4. Штом го слушна тоа, Исус рече: „Оваа болест на Лазар не е за тој да умре, туку за да Му донесе слава на Бог и за да се прослави Божјиот Син преку неа.“

5. (Исус многу ги сакаше Марта, нејзината сестра и нивниот брат Лазар.)

6. Сепак, откако слушна дека Лазар е болен, Тој остана уште два дена таму каде што беше.

7. Потоа им рече на Своите ученици: „Ајде сега да се вратиме во Јудеја!“

8. „Учителе!“ - Му рекоа учениците - „Еврејските верски водачи штотуку сакаа да Те каменуваат, а Ти повторно сакаш да одиш таму!?“

Прочитајте целосна глава Јован 11