Нов Завет

Јован 10:8-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа.

9. Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште.

10. Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота.

11. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците.

12. Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува.

13. Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците.

14. Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене,

15. како што Таткото Ме знае Мене, и како што Јас Го знам Таткото. И Својот живот го давам за овците.

16. Имам и други овци, кои не се од ова стадо. И нив треба да ги приберам, кога ќе го слушнат Мојот глас. Тогаш ќе има едно стадо и еден Пастир.

17. Таткото Ме сака, бидејќи Јас го давам Својот живот за повторно да си го земам.

Прочитајте целосна глава Јован 10