Нов Завет

Јован 10:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците.

8. Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа.

9. Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште.

10. Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота.

11. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците.

Прочитајте целосна глава Јован 10