Нов Завет

Јован 1:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Уште на почетокот постоеше Зборот. Зборот беше со Бог и Зборот беше Бог.

2. Од самиот почеток, Зборот беше со Бог.

3. Се што постои беше создадено преку Зборот. Не постои ништо создадено, кое не беше создадено преку Зборот!

4. И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето.

5. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси.

6. Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог.

7. Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата.

8. Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината.

9. Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена.

Прочитајте целосна глава Јован 1