Нов Завет

Јаков 5:11-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Оние што најмногу издржаа, најмногу и ги почитуваме. Сте слушнале какво трпение покажа Јов и знаете како Господ на крајот го благослови. Господ е полн со милост и сочувство.

12. Но пред се, драги пријатели, немојте да се колнете, ни во небото, ни во Земјата, ниту во што било друго. Доволно е да кажете само „да“ или „не“, за да не паднете под осуда.

13. Ако некој меѓу вас е во невола, нека се моли. Ако е весел, нека пее песни на благодарност.

14. Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помазат со маслиново масло во името на Господ.

15. Ако се молите со вера, ќе му помогнете на болниот. Господ ќе го оздрави и, ако направил грев, ќе му прости.

16. Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени. Енергичната молитва од праведен човек има голема сила!

17. Илија беше човек од крв и месо, како што сме и ние. Кога тој се помоли да не врне дожд - три и пол години дожд не заврна на земјата.

18. Потоа пак се помоли и заврна дожд, па земјата си ги даде своите плодови.

19. Пријатели мои, христијани, ако некој од вас застрани од вистината, треба да се потрудите да го вратите назад.

20. Оној што ќе врати грешник од погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови.

Прочитајте целосна глава Јаков 5