Нов Завет

Јаков 5:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Драги мои, следете го примерот на пророците што зборуваа во името на Господ. Тие имаа трпение, дури и кога мораа да страдаат.

11. Оние што најмногу издржаа, најмногу и ги почитуваме. Сте слушнале какво трпение покажа Јов и знаете како Господ на крајот го благослови. Господ е полн со милост и сочувство.

12. Но пред се, драги пријатели, немојте да се колнете, ни во небото, ни во Земјата, ниту во што било друго. Доволно е да кажете само „да“ или „не“, за да не паднете под осуда.

13. Ако некој меѓу вас е во невола, нека се моли. Ако е весел, нека пее песни на благодарност.

14. Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помазат со маслиново масло во името на Господ.

Прочитајте целосна глава Јаков 5