Нов Завет

Јаков 2:16-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неопходно за да преживее!?

17. Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.

18. Можеби некој ќе рече: „Некои луѓе имаат вера, а некои - дела.“ Покажете ми, како може да имате вера, а од тоа да не произлегуваат соодветни постапки, а јас, преку моите постапки ќе ви покажам дека имам вера.

19. Вие верувате дека има само еден Бог. Тоа е добро, но дури и демоните веруваат во тоа и се тресат од страв!

20. Зар не сакаш да сфатиш, површен човеку, дека од вера без дела нема никаква корист!?

21. Врз основа на што Бог го прогласи за праведен, нашиот прататко Авраам? Зарем тоа не беше преку дела, кога го стави својот син Исак врз жртвеникот?

22. Гледате ли дека неговата вера беше сообразена со неговите постапки? Со таа своја постапка тој потврди дека има совршена вера.

23. Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: „Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник“, па го нарече и Свој пријател.

24. Значи, очигледно е дека човек станува праведен пред Бог преку своите постапки, а не само преку вера.

25. Така беше и со блудницата Рахаба. Бог ја прифати како праведна, зашто таа ги прифати израелските разузнавачи и ги упати на безбеден излез.

26. Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.

Прочитајте целосна глава Јаков 2