Нов Завет

Јаков 2:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Зашто, истиот Бог, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако не си извршил прељуба, а си убил, ти си прекршител на Законот.

12. Зборувајте и постапувајте како луѓе што ќе бидат судени според милостивиот Закон што не ослободува!

13. Инаку, на Судниот ден Бог нема да има милост спрема оние што биле безмилосни спрема другите. Милоста ја поразува осудата.

14. Драги пријатели, каква корист има да велите дека имате вера, ако тоа не се гледа од вашите постапки? Може ли таква вера да ве спаси?

15. Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна.

Прочитајте целосна глава Јаков 2