Нов Завет

Јаков 2:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Пријатели мои, ако имате вера во нашиот славен Господ Исус Христос, нема да се однесувате спрема едни луѓе подобро, а спрема други полошо.

2. Да претпоставиме дека на вашата богослужба доаѓа човек со златни прстење на раката, облечен во убава облека, а влегува и сиромашен човек во одрпана облека.

3. Ако вие, гледајќи според облеката, му речете на човекот во убава облека: „Седни овде, на убаво место.“ - а на сиромашниот му речете: „Ти стој овде!“, или „Седни на подот!“,

4. зарем со тоа не ги двоите луѓето, раководејќи се според неправедни мотиви!?

5. Послушајте ме, драги пријатели! Зарем Бог не ги одбра сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на Царството што им го вети на оние што Го сакаат?

6. А вие ги презирате сиромашните! Кој ве измачува, кој ве влечка по судови? Токму богатите!

7. Зарем не се богатите тие што го навредуваат Божјото возвишено име што вие го носите?

8. Добро правите, ако го исполнувате Господовиот царски закон запишан во Светото Писмо: „Сакај го својот ближен колку што се сакаш себеси.“

Прочитајте целосна глава Јаков 2