Нов Завет

Јаков 1:8-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. бидејќи е нерешителен и непостојан во се.

9. Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив,

10. а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови.

11. Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.

12. Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат.

13. Никој, кога е во искушение да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев.

14. Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти.

15. Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт.

16. Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени.

17. Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување!

18. Тој сакаше ние да бидеме првнина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.

19. Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.

20. Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.

21. Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.

22. Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!

23. Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,

Прочитајте целосна глава Јаков 1