Нов Завет

Јаков 1:21-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.

22. Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!

23. Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,

24. и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!

25. Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, Законот што ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во се што работи.

26. Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна!

27. Побожност што Бог, нашиот Татко, ја прифаќа како чиста и непорочна е оваа: Да се грижиш за сирачињата и вдовиците што се во невола и да се одржиш неизвалкан од овој свет.

Прочитајте целосна глава Јаков 1