Нов Завет

Јаков 1:19-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.

20. Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.

21. Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.

22. Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!

23. Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,

24. и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!

Прочитајте целосна глава Јаков 1