Нов Завет

Јаков 1:18-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Тој сакаше ние да бидеме првнина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.

19. Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.

20. Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.

21. Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.

22. Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!

23. Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало,

24. и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!

25. Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, Законот што ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во се што работи.

26. Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна!

Прочитајте целосна глава Јаков 1