Нов Завет

Галатјаните 4:22-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Во Светото Писмо пишува дека Авраам имаше два сина: еден од робинка и еден од слободна жена.

23. Синот од робинката беше роден во обид човекот да ги оствари Божјите ветувања, а синот од слободната жена се роди така што Бог го исполни Своето ветување.

24. Се работи за алегорија. Овие две жени преку кои се родија Исмаил и Исак претставуваат два завета. Првиот, претставен преку Агара, е Законот даден на планината Синај, кој ги поробува луѓето.

25. Агара ја претставува планината Синај во Арабија и ја прикажува сегашната состојба на Ерусалим, односно на сиот народ, кој духовно робува.

26. Сара го претставува небесниот Ерусалим. Таа не беше робинка, туку слободна. Таа е нашата мајка.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4