Нов Завет

Галатјаните 4:21-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Слушнете ме сега вие што сакате да се придржувате кон Мојсеевиот Закон: Знаете ли што, всушност, кажува тој Закон?

22. Во Светото Писмо пишува дека Авраам имаше два сина: еден од робинка и еден од слободна жена.

23. Синот од робинката беше роден во обид човекот да ги оствари Божјите ветувања, а синот од слободната жена се роди така што Бог го исполни Своето ветување.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4