Нов Завет

Галатјаните 4:17-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Тие лажни учители ве опсипуваат со внимание, но нивните побуди не се добронамерни! Сакаат да ве одвојат од мене и да ве придобијат за себе.

18. Треба постојано да бидете ревносни за доброто, а не само додека сум јас кај вас.

19. Деца мои, повторно минувам низ породилни болки заради вас, и тоа ќе трае се додека да се создаде Христова природа во вас.

20. Колку би сакал токму сега да сум со вас и да ви се обратам со поинаков тон, зашто вашата состојба навистина ме збунува!

21. Слушнете ме сега вие што сакате да се придржувате кон Мојсеевиот Закон: Знаете ли што, всушност, кажува тој Закон?

22. Во Светото Писмо пишува дека Авраам имаше два сина: еден од робинка и еден од слободна жена.

23. Синот од робинката беше роден во обид човекот да ги оствари Божјите ветувања, а синот од слободната жена се роди така што Бог го исполни Своето ветување.

24. Се работи за алегорија. Овие две жени преку кои се родија Исмаил и Исак претставуваат два завета. Првиот, претставен преку Агара, е Законот даден на планината Синај, кој ги поробува луѓето.

25. Агара ја претставува планината Синај во Арабија и ја прикажува сегашната состојба на Ерусалим, односно на сиот народ, кој духовно робува.

26. Сара го претставува небесниот Ерусалим. Таа не беше робинка, туку слободна. Таа е нашата мајка.

27. Светото Писмо за неа вели: „Радувај се жено неротко, ти што деца не си раѓала, излези и викај од радост ти што не си видела породилни маки, зашто повеќе деца ќе има неротката, од жената што има маж.“

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4