Нов Завет

Галатјаните 4:14-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Иако мојата телесна слабост можеше да биде големо соблазнување за вас, вие не ме презревте, ниту пак одбивте да ме слушате, туку ме примивте како да сум Божји ангел, како да сум Самиот Исус Христос.

15. Каде е сега вашето воодушевување? Тогаш да можевте и сопствените очи ќе си ги ископавте и ќе ми ги дадевте!

16. Зарем ви станав непријател затоа што ви ја кажувам вистината?

17. Тие лажни учители ве опсипуваат со внимание, но нивните побуди не се добронамерни! Сакаат да ве одвојат од мене и да ве придобијат за себе.

18. Треба постојано да бидете ревносни за доброто, а не само додека сум јас кај вас.

19. Деца мои, повторно минувам низ породилни болки заради вас, и тоа ќе трае се додека да се создаде Христова природа во вас.

20. Колку би сакал токму сега да сум со вас и да ви се обратам со поинаков тон, зашто вашата состојба навистина ме збунува!

21. Слушнете ме сега вие што сакате да се придржувате кон Мојсеевиот Закон: Знаете ли што, всушност, кажува тој Закон?

22. Во Светото Писмо пишува дека Авраам имаше два сина: еден од робинка и еден од слободна жена.

23. Синот од робинката беше роден во обид човекот да ги оствари Божјите ветувања, а синот од слободната жена се роди така што Бог го исполни Своето ветување.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4