Нов Завет

Галатјаните 4:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Но, се додека наследникот е малолетен не се разликува многу од роб, иако тој е сопственик на се.

2. Старатели го чуваат и застапници ги водат работите во негово име, се додека не дојде времето што го определил неговиот татко.

3. Така е и со нас. Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили.

4. Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син. Тој се роди од жена и живееше под Законот.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4