Нов Завет

Галатјаните 3:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Како можете да бидете толку неразумни!? Започнавте со духовното, а сега сакате да станете совршени преку телесното!

4. Толку многу претрпевте, а попусто! Зарем попусто страдавте!?

5. Дали Бог ви Го даде Светиот Дух и изврши силни дела меѓу вас поради тоа што го спроведувавте Мојсеевиот Закон или поради тоа што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?

6. Така беше и со Авраам. Тој поверува и верата му се припиша како праведност.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 3