Нов Завет

Галатјаните 3:23-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот не чуваше како затвореници, под свој надзор.

24. Така Законот ни беше воспитувач што не водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера.

25. Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.

26. Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос.

27. Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос.

28. Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк, за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос.

29. Ако Му припаѓате на Христос, тогаш вие сте вистинските потомци на Авраам и вие ќе го добиете она што Бог му го вети.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 3