Нов Завет

Галатјаните 3:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. О, неразумни Галати! Кој ве маѓепса!? Пред ваши очи имавте толку јасна претстава за Исус Христос распнат на крстот.

2. Едно сакам да ми кажете: дали го примивте Светиот Дух преку придржување кон Мојсеевиот Закон, или така што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?

3. Како можете да бидете толку неразумни!? Започнавте со духовното, а сега сакате да станете совршени преку телесното!

4. Толку многу претрпевте, а попусто! Зарем попусто страдавте!?

5. Дали Бог ви Го даде Светиот Дух и изврши силни дела меѓу вас поради тоа што го спроведувавте Мојсеевиот Закон или поради тоа што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?

6. Така беше и со Авраам. Тој поверува и верата му се припиша како праведност.

7. Треба да ви биде јасно дека оние што Му веруваат на Бог се вистинските потомци на Авраам.

8. Светото Писмо претскажа дека Бог ќе ги прифати сите народи врз основа на нивната вера во вистинскиот Бог. Тоа беше во оној дел кога Бог на Авраам му ја објави Радосната вест, велејќи му: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи.“

Прочитајте целосна глава Галатјаните 3