Нов Завет

Галатјаните 2:14-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Кога видов дека не постапуваат правилно и во согласност со вистинската Радосна вест, јас пред сите му реков на Петар: „Ти, иако си Евреин, се откажа од еврејските закони и живееш како неевреин. Како можеш сега да ги тераш оние што не се Евреи да живеат според еврејските правила!?

15. Јас и ти по раѓање сме Евреи, а не грешници од народите кои не Го познаваат Бога.

16. Па сепак знаеме дека човек не се помирува со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, туку преку вера во Исус Христос. Затоа и поверувавме во Исус Христос, за да бидеме прифатени од Бог преку вера во Христос, а не преку придржување кон Мојсеевиот Закон. Никој нема да се спаси придржувајќи се до Мојсеевиот Закон.“

Прочитајте целосна глава Галатјаните 2