Нов Завет

Филипјаните 1:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Што е животот? За мене тоа е Христос! Што е смртта? За мене тоа е чиста добивка!

22. Но ако останам жив ќе можам плодно да работам за Христос. Затоа, кога би требало јас да избирам, не знам што би одбрал.

23. Растргнат сум од овие две желби: да го напуштам овој живот и да бидам со Христос, зашто за мене тоа е далеку подобро,

24. или да останам овде, во тело, што би било многу покорисно за вас.

25. Со таа увереност ќе останам со сите вас и ќе продолжам да работам, за да напредувате и да се радувате во верата,

Прочитајте целосна глава Филипјаните 1