Нов Завет

Филипјаните 1:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Навистина, некои тоа го прават од завист и од соперништво спрема мене, но другите со најискрени намери проповедаат за Христос.

16. Оние што го прават тоа од љубов знаат дека Бог ме определи да ја бранам Радосната вест.

17. Оние, пак, што проповедаат од ривалство и нечесни мотиви, сакаат да ми ја наголемат болката додека сум в затвор.

18. Но без оглед на тоа дали мотивите се чисти или не, се проповеда за Христос! А јас на тоа се радувам и ќе продолжам да се радувам,

Прочитајте целосна глава Филипјаните 1