Нов Завет

Евреите 9:16-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Ваквиот завет, всушност, е тестамент: тој стапува на сила само откако ќе умре тој што го напишал.

17. Се додека е живо лицето што го остава тестаментот, тој не може да се користи. Тестаментот стапува на сила дури откако ќе умре оној што го остава.

18. Затоа и првиот Завет беше воспоставен со употреба на крв како доказ за смрт.

19. Откако Мојсеј им ги пренесе на луѓето сите Божји закони, зеде крв од бикови и јарци, ја помеша со вода, па ги попрска книгата на Божјите закони и сите луѓе, употребувајќи гранче од исоп и црвена волна.

20. Потоа им рече: „Оваа крв го потврдува заветот што Бог го склучи со вас“.

21. Потоа Мојсеј ги попрска со крв и Светилиштето и сите предмети што се употребуваа за богослужба.

22. Всушност, според Мојсеевиот Закон, се се исчистува преку попрскување со крв; и без пролевање на крв нема простување на гревовите.

23. Овие работи беа само слики на небесните оригинали и затоа мораа да се осветуваат преку вакви обреди. Но она што е на небото треба да се исчистува со жртви што се далеку подобри од обична животинска крв.

24. Затоа Христос не влезе во Светилиштето изградено од луѓе, кое беше само копија на вистинското, туку влезе во самото небо, каде што сега се застапува за нас пред Бог.

25. За разлика од Првосвештеникот, кој со туѓа крв секоја година влегуваше во Најсветото место, Христос не влезе во небото за да се принесува Себеси повеќепати!

Прочитајте целосна глава Евреите 9