Нов Завет

Евреите 7:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. А нема никакво сомневање дека оној што благословува е поголем од оној што го прима благословот.

8. Во случајот со свештениците, десетокот им се дава на смртници, а Мелхиседек е поголем од нив бидејќи ни е пренесено дека тој е вечно жив.

9. Иако сега потомците на Левиј се тие што земаат десеток, може да се каже дека и тие му платија десеток на Мелхиседек, преку својот предок Авраам,

10. бидејќи Левиј, иако уште не беше роден, може да се рече дека беше во телото на Авраам при неговата средба со Мелхиседек.

11. Законот што му беше даден на израелскиот народ се потпираше врз Левитското свештенство. Но да можеа потомците на Левиј да ја исполнат Божјата совршена намера, немаше да има потреба Бог да праќа друг Свештеник од редот на Мелхиседек, а не од родот на Арон.

12. А штом се менува свештенството, се појавува потреба да се промени и законот.

Прочитајте целосна глава Евреите 7