Нов Завет

Евреите 7:20-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Бог се заколна дека Христос засекогаш ќе биде Свештеник, а таква заклетва од страна на Бог немаше при назначувањето на ниту еден друг свештеник.

21. Само Исус стана Свештеник со Божја заклетва, кога Бог рече: „Јас, Господ, ти се заколнувам и никогаш нема да се премислам: ,Ти вечно ќе бидеш Свештеник!‘“

22. Тоа значи дека заради Божјата заклетва Исус ни гарантира подобар Завет со Бог!

23. Други свештеници имаше многу, бидејќи смртта ги спречуваше вечно да останат на таа служба.

24. Но Исус нема да умре и затоа Тој вечно останува Свештеник.

25. Затоа Тој може еднаш засекогаш да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кај Бог. Тој е вечно жив и се застапува пред Бог за нив.

26. Токму таков Првосвештеник и ни требаше. Исус е свет, невин и безгрешен - поинаков од грешниците и возвишен над небото!

27. Тој не мора секојдневно да принесува жртви, како другите Првосвештеници. Тие принесуваа жртви прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот. Тој го стори тоа еднаш засекогаш, кога Себеси се принесе како жртва на крстот.

28. Тие што беа Првосвештеници под Мојсеевиот Закон, беа ограничени од своите човечки слабости. Откако мина времето на тој Закон, Бог со заклетва Го постави Својот Син за совршен и вечен Првосвештеник.

Прочитајте целосна глава Евреите 7