Нов Завет

Евреите 7:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Да го кажеме ова уште појасно: се појави друг Свештеник, Кој е како Мелхиседек.

16. Тој стана Свештеник, не затоа што му беше потомок на Левиј, како што бараше стариот Закон, туку преку силата на животот во Него што не може да се уништи.

17. Светото Писмо за Него вели: „Ти си вечен Свештеник, од редот на Мелхиседек“

18. Со тоа се укинува старото правило за свештенството, бидејќи беше слабо и бескорисно,

Прочитајте целосна глава Евреите 7