Нов Завет

Евреите 2:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. А го рече и следното: „Во Бога ќе ја положам Својата доверба.“ И потоа: „Еве Ме заедно со чедата што Ми ги даде Бог!“

14. Бидејќи „чедата“ - како што Тој ги нарече - се луѓе од крв и месо, и самиот Исус стана како нив, со цел преку Својата смрт да го уништи Ѓаволот, кој ја има власта над смртта,

15. и да не ослободи сите нас, кои цел живот живееме како робови на стравот од смртта.

16. Јасно е дека Исус не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авраамовите потомци.

Прочитајте целосна глава Евреите 2