Нов Завет

Евреите 13:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Ве молам, браќа, внимателно да го ислушате ова кратко писмо што ви го напишав со цел да ве охрабрам.

23. Ве известувам дека нашиот брат Тимотеј го пуштија од затвор! Ако тој пристигне навреме, заедно ќе ве посетиме.

24. Поздравете ги сите ваши духовни водачи и сите Божји луѓе. И христијаните од Италија ви испраќаат поздрави.

25. Бог нека биде милостиво благонаклонет спрема сите вас!

Прочитајте целосна глава Евреите 13