Нов Завет

Евреите 13:20-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Бог е извор на мирот и Тој го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус Христос. Исус е сега најголемиот Пастир, со чијашто крв се склучи вечниот Завет во полза на Неговото стадо.

21. Се молам Бог да ве оспособи за секакво добро дело, за да можете да ја извршувате Неговата волја. Бог нека го изврши во нас она што Му е угодно, преку Исус Христос, Кому што Му припаѓа вечна слава! Амин.

22. Ве молам, браќа, внимателно да го ислушате ова кратко писмо што ви го напишав со цел да ве охрабрам.

23. Ве известувам дека нашиот брат Тимотеј го пуштија од затвор! Ако тој пристигне навреме, заедно ќе ве посетиме.

24. Поздравете ги сите ваши духовни водачи и сите Божји луѓе. И христијаните од Италија ви испраќаат поздрави.

25. Бог нека биде милостиво благонаклонет спрема сите вас!

Прочитајте целосна глава Евреите 13