Нов Завет

Евреите 11:17-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. И Авраам имаше вера во Бог и затоа, кога беше ставен на тест, го понуди својот син Исак како жртва. А токму на Авраам, кој беше готов да го жртвува својот син единец, Бог му беше ветил:

18. „Од Исак ќе произлезе твоето потомство!“

19. Авраам беше уверен дека Бог може и мртви да оживува, па во извесна смисла како да го доби својот син оживеан од мртвите.

20. Исак имаше вера во Бог и им вети благослови на Јаков и на Исав дури и за во иднина.

21. Јаков имаше вера во Бог и, пред да умре, ги благослови синовите на Јосиф. Потпрен на својот бастун, тој понизно се поклони.

22. Јосиф веруваше дека Бог ќе ги изведе Израелците од египетското ропство и, пред да умре, тој порача да му бидат изнесени и коските, кога ќе си заминат од Египет.

Прочитајте целосна глава Евреите 11