Нов Завет

Евреите 11:14-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. А луѓе што така зборуваат покажуваат дека бараат место што ќе им биде татковина.

15. И не сметаа дека тоа е земјата од која произлегоа, зашто да мислеа така ќе најдеа начин таму да се вратат.

16. Напротив, тие копнееја за многу подобрата небесна татковина. И затоа Бог не се срами да биде наречен нивни Бог. Тој дури и град им изгради на небото!

17. И Авраам имаше вера во Бог и затоа, кога беше ставен на тест, го понуди својот син Исак како жртва. А токму на Авраам, кој беше готов да го жртвува својот син единец, Бог му беше ветил:

18. „Од Исак ќе произлезе твоето потомство!“

19. Авраам беше уверен дека Бог може и мртви да оживува, па во извесна смисла како да го доби својот син оживеан од мртвите.

Прочитајте целосна глава Евреите 11