Нов Завет

Евреите 10:36-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

36. Она што сега ви треба е трпение, за да продолжите да ја извршувате Божјата волја. Така ќе го добиете сето она што ви беше ветено.

37. Зашто, ,многу бргу, Оној што треба да дојде, ќе дојде и нема да задоцни.

38. Тие што ќе бидат праведни, преку вера ќе живеат, а со тие што ќе Ми свртат грб, нема да бидам задоволен.‘

39. Но ние не сме од оние што Му вртат грб на Бог и си ја запечатуваат пропаста. Ние имаме вера што ни дава сигурност дека ќе се спасиме.

Прочитајте целосна глава Евреите 10