Нов Завет

Евреите 10:35-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Затоа, не отфрлајте ја таа доверба во Господ. Не заборавајте каква голема награда носи таа.

36. Она што сега ви треба е трпение, за да продолжите да ја извршувате Божјата волја. Така ќе го добиете сето она што ви беше ветено.

37. Зашто, ,многу бргу, Оној што треба да дојде, ќе дојде и нема да задоцни.

38. Тие што ќе бидат праведни, преку вера ќе живеат, а со тие што ќе Ми свртат грб, нема да бидам задоволен.‘

39. Но ние не сме од оние што Му вртат грб на Бог и си ја запечатуваат пропаста. Ние имаме вера што ни дава сигурност дека ќе се спасиме.

Прочитајте целосна глава Евреите 10