Нов Завет

Ефесјаните 6:21-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.

22. Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.

23. На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос.

24. Бог нека им биде благонаклонет на сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос со љубов што не гасне.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6