Нов Завет

Ефесјаните 6:19-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Молете се и за мене, кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест,

20. иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.

21. Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.

22. Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6